Ракометната школа „Седмерец“ заедно со учениците од Основното училиште „Живко Чинго“ од Велгошти во спортската сала „Тодор Александров“ организираа турнир во ракомет, кошарка, фудбал и пинг понг.

 

– Овој празничен мини турнир го направив со цел да ја заокружиме старата година и спортски да зачекориме во новата. Јас како професор по физичка култура им ветувам на децата од ОУ “Живко Чинго” дека вакви турнири ќе има повеќе, затоа што сакам децата да се занимаваат со спорт и надвор од наставата, а не само на часот по физичко образование. На овој мини турнир учество зедоа ракометари од ракометната школа “Седмерец” и ученици од основното училиште “Живко Чинго”.

 

 

Децата се натпреваруваа во Фудбал, кошарка, ракомет и пинг-понг. За победниците беа обезбедени скромни награди. Оваа прилика ја користам да се заблагодарам на општина Охрид за тоа што на нашето училиште му е овозможено користење на спортската сала и непречено одвивање на наставата по физичко обрзование. Одличната соработка со директорот на ОУ “Живко Чинго” ветува многу за развој на спортот во ова училиште и унапредување на оние деца кои имаа талент за одреден спорт! – рече Професор, Катерина Стојаноска организираторт на турнирот.

Извор: www.ohridnews.com