Маж уби денеска жена во Охрид со три истрели во главата, по што и самиот си пукал во слепоочницата.

Зоран. Т. роден 1966 година во Велес, кој живеел во Охрид, денеска околу 13.35 часот со три истрели во главата ја усмртил Жаклина Траеска (40) , по што со еден истрел во слепоочницата се обидел да се самоубие, рече портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Зоран Т. бил пренесен во медицинскиот центар во Охрид, каде и подлегнал на прострелната рана.

Екипи вршат увид на местото на настанот и се работи на утврдување на мотивите за убиството и самоубиството.

 

Жаклуна Траеска е сопруга на познат бизнисмен од Охрид сопственик на бутици „Азаро“.