Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (ОСБСП) на Општина Охрид, во соработка со општинските основни училишта, вчера го одржа Општинскиот годишен натпревар „Детски семафор“. Општинскиот натпревар на оваа сообраќајна воспитно – образовна манифестација се одржа во два дела, и тоа:

– теориски дел – писмено тестирање на учениците за нивните познавања на сообраќајните знаци, правила и прописи, што се одржа во ОУ „Григор Прличев“.
– практичен дел – вешто возење со велосипед од страна на учениците на уреден полигон, што се одржа на  „Кеј Маршал Тито“ непосредно пред угостителскиот објект „Објектив“ .. На натпреварот учество зедоа вкупно 30 ученици, од 5 основни училишта во општината. Според конечните резултати, во екипна конкуренција првото место и победничкиот пехар го освои екипата од ОУ „Св. Климент Охридски“, второто место го освои екипата на ОУ „Григор Прличев“, а третото место екипата на ОУ „Живко Чинго“.

Во поединечна конкуренција, беа постигнати следните резултати:
– Женска конкуренција: прво место – Емилија Миленкоска, 7-мо одд. „Григор Прличев“
второ место – Сара Китрозоска, 8-мо одд. „Григор Прличев“
трето место – Кети Маркоска, 5-то одд. „Живко Чинго“
– Машка конкуренција: прво место – Христијан Шикалоски, 7-мо одд. „Христо Узунов“
второ место – Кристијан Митрески, 8-мо одд. „Св. Климент Охридски“
трето место – Јордан Буџакоски, 7-мо одд. „Живко Чинго“


Организаторот на општинскиот натпревар – ОСБСП за сите учесници на натпреварот обезбеди пригодни признанија и подароци, а за најдобрите и највештите натпреварувачи, покрај дипломите, беа обезбедени вредни награди и подароци, како во поединечна, така и во екипна конкуренција. Првопласираните во машка и во женска конкуренција добија тркачки велосипеди, а вторите и третите награди  беа мобилни телефони со припејд броеви. Пригодни подароци и признанија им беа доделени и на одговорните наставници – ментори на екипите кои ги претставуваа основните училишта. На трите најуспешни екипи им беа доделени победничките пехари. Сите учесници на денешниот натпревар се здобија со пенкала, капчиња, сендвичи, сокчиња, како и признанија за нивното учество

Општинскиот натпревар претставува продолжение на започнатите активности на ОСБСП за унапредување на сообраќајно – техничката култура на учениците и најмладите учесници во сообраќајот во нашата општина. Од шесте најдобри, најуспешни и највешти ученици на општиснкиот натпревар беше составена екипа, која ќе ја претставува Општина Охрид на регионалниот натпревар, што ќе се одржи идната седмица во Дебар.

извор: www.ohridlive.com