Почесниот претседател и лидер на ВМРО – Народна партија, Љубчо Георгиевски во текот на утрешниот ден ќе ги посети Охрид и охридско.
Во 19:00 часот тој ќе оствари средба со граѓани во Пештани, во 19:30 ќе одржи трибина во с. Елшани, а во 20:30 исто така ќе се одржи трибина во Велгошти.
Свои излагања на трибината ќе имаат почесниот претседател на ВМРО-Народна партија, г-дин Љубчо Георгиевски и претседателот на ВМРО-Народна партија ОК Охрид, г-дин Ванчо Костоски.
Предвидено е Георгиевски да присуствува и на забавата што ја организира Унијата на млади сили на ВМРО – Народна партија од Охрид.
Се вели во соопштението на Кабинет на претседателот на ВМРО-Народна партија .