Градоначалникот на Охрид Александар Петрески за Супер радио денеска со став околу соопштението кое вчера беше објавено во дел од охридските медиуми и портали.
Полицискиот потпарол Стефан Димоски денеска од него доби одговори за неговите средби со, како што беа наведени во соопштението, одредени лица – познати нарушители на јавниот ред и мир, сторители на кривични дела и поранешни затвореници, но ќе заработи и тужба.
– Стефан како потпарол на полиција нема мене што да ме повикува јас можам да го повикам да ми одговори на некои прашања и тоа ќе го направам. Во интерес на истрагата, Стефан или тој што му дал налог, ако се професионалци како што треба да работат не треба тоа да го прават. Но затоа што тоа го направија со што ја загрозија и истрагата за тој случај и нанесоа политичка штета врз мене, но и штета врз моето семејство и доколку јавно не се извини ќе бидам принуден да поведам соодветни законски мерки кои следат по такви работи, рече Петрески во изјава за Супер Радио.
Петрески за ваквото непрофесионално однесување на полицискиот портпарол и оној кој дал налог соопштението да излезе во јавност очекува надлежните да поведат дисциплинска постапка.
Соопштението беше вчера објавено на порталот на Радио Охрид како реакција на изјава која Петрески ја дал за вестите на радиото. Таму стои: градоначалникот Петрески да и каже на охридската јавност за неговата лична средба со еден од главните актери во неодамнешното нарушување и пукање со огнено оружје, случено во Пијано барот во Охрид. Нека ни објасни, што разговарал и која била причината за средбата во познат хотел во Охрид, на само еден час, пред да се случи пукањето во истиот објект, охридскиот градоначалник ниту потврди ниту демантираше дека бил во полиција. Таквите информации полицијата не требала да ги соопштува во јавноста.
На полициските прашања за неговата поврзаност со одредени лица – познати нарушители на јавниот ред и мир, сторители на кривични дела и поранешни затвореници и неговите средби со нив по угостителски објекти но и зошто, кога имал лични закани врз неговата безбедност, навремено не ја информирал полицијата, туку повторно се сретнувал со неговите заштитници, Петрески со одговор:
– Поврзаноста е што живееме во исти град што јас како градоначалник комуницирам со сите граѓани со нивните семејства. Јас како човек сум непосреден не избегнувам никакви контакти дури и во слободното време. После моите контакти со нив јас не можам да претпоставам што тие ќе направат во доцните или раните утрински часови. Моите средби вон работно време ги правам или на улица или во ресторан. Сигурно дека нема да ги правам во мојот кабинет. Ова е слободна држава и можеме да се среќаваме и да се движиме секаде. Доколку тие мислат дека тоа не е безбедно за мене тогаш нека ми одредат чувари кои ќе ме чуваат на моите средби каде што одам.
Според Петрески Охрид бил безбеден но ваквите инциденти требало навремено да се решаваат за да не се рушел имиџот на градот.
– Јас и претходно во интервјуто кое го имав со вас кажав дека безбедносната ситуација е добра но дека треба што поскоро да се решат затоа што не се добри за имиџот на градот. Доколку секој инцидент се реши брзо тоа ќе ги дестимулира и останатите да прават инциденти.
Извир :Супер радио