Денеска е Митровден

 

Празникот Свети великомаченик Димитрије, спомен на смртта и страдање на големиот борец за христијанството, денеска ќе биде одбележан како голем празник на Македонската православна црква и слава на православните верници. Овој празник, по познат во народот како Митроведен, се споменува за погибијата на светителот, кој животот го завршил во темница 306 година, каде бил заточен затоа што ја откажал послушноста на прогонувачите на христијанството.
Митровден се слави како домашна слава во голем број семејства , а патрон е и на повеќе цркви.

На сите оние кои го носат неговото име – им го честитаме  именденот-и нека им е вечно името.