Денес по повод патронатот на О.У. Живко Чинго се одржа свеченост. На свеченоста покрај големиот број на Велгоштани присуствуваше и Градоначалникот на Охрид Александар Петрески како и дел од советниците од советот на Општина Охрид.
Во своето обракање директорката на училиштето Мирјана Крлеска зборуваше за досега сработеното за воведувањето на е-дневник(електронски дневник)за идните планови за оградување на школскиот двор.. при што за досега сработеното му се заблагодари на градоначалникот Петрески при што му беше предадена и Благодарница.
Во своето обракање Градоначалникот Петрески одржа пригоден говор.Тој истакна дека е заслужен за изградбата на канализацијата во Велгошти за воведување на современо осветление и јавно вети дека ке ги санира сите улици во Велгошти.
Петрески обелoдeни дека денес го потпишал решението за легализацијата на спорската сала како и решението за ослободување од плакање комуналии ,и во соработка со агенцијата за млади и спорт ке продолжи санацијата на спорската сала во Велгошти.
“Спорската сала од една руина ке прерасне во современа спорска сала во која покрај учениците од О.У.Живко Чинго ке рекреирaaт и жителите на Велгошти“вети Петрески.
Потоа следеше културно-уметничка програма во изведба за учениците при О.У. Живко Чинго.