IMG_1775-webНеколку памали и една потешка сообраќајна несреќа кои се случија денес во Охрид предизвикаа целосен колапс на сообраќајот на Булеварот Туристичка и на автопатот и регионалниот пат кој води до Св. Наум

  Застојот се одвиваше во двата правци и кон плажите и од плажите кон Охрид, а колоната се протегала до Градиште од едната страна и до хотелот Дончо од другата страна. Илјадници туристи и граѓани на Охрид со часови чекаа да се вратат во градот, а сообраќајот конечно се деблокира околу 20 00 часот. Според Мегастар

олапсот најтешко се расчисти на крстосницата кај Мини Маркет, а Мегастар ексклузивно ви презентира видео снимка од полицаецот кој се обидувал нешто да реши во хаосот и два клипа од истатакрстоцница но, од како сообраќајот започна да се одвива.

Во неможност да се превезат со јавниот превоз илјадници луѓе од плажите тргнаа кон Охрид пеш, а сообраќајот по колапсот, од како се деблокира се расчистуваше повеќе часови.

Од Полицијата не информираа дека со повеќе информации ќе излезат во текот на утрешниот ден бидејќи сообраќајните инспектори се уште не биле во можност да се вратат од на терен. Останале заглавени во сообраќајниот колапс.

 

 


Deprecated: trim(): Passing null to parameter #1 ($string) of type string is deprecated in /home/q0y9rzsxk4tw/public_html/velgosti.com/wp-content/plugins/simple-lightbox/includes/class.utilities.php on line 545