Во основнит суд во Охрид денес почна судскиот процес против Сетмир Прој (46) од Албанија за сообраќајната несреќа што на 24 септември се случи кај превојот Буково во близина на Охрид,при што животите ги загубија ди-џеи Влатко Пантоски-Пантер и Наумче Аврамоски – Бруце.
На судското рочиште сведочеше Јане Стефаноски кој седел на совозачкото седиште на авотмобилот во кое животот го загубија двајцата млади охриѓани.Тој кажа  дека сега покојниот Пантоски му аблендирал на возилото што доаѓале од спротивната страна за да подзапре ,при што самиот  ја намил брзината.Патничкото возило се разминало со предниот дел на товарното возило ,но потоа неговиот заден дел преминал на страната каде што се движело возилото со охриѓаните при што дошло до судир. Вештите лица кажаа дека поради брзината со кое с движело товарното возило патничкото возило во кое биле младите охриѓани не било во состојба да го избегне судирот,а од трагите можело да се утврди дека тоа отишло на крајната десна страна за да не се судри со камионот.

Бранителот на обвинетиот Прој поради различните подотоци за  брзината на  движењето  товараното возило,изнесени во извештајот побара ново вештачење од стручни лица  од Скопје,што не беше прифатено од Судскиот совет.Новото рочиште е закажано за 12 декември.