Во емисијата  на македонското радио во Сиднеј Австралија посветена на Македонија утре „во живо“ ќе гостува градоначалникот на Охрид Александар ПЕТРЕСКИ.

Сопственикот Тони СИЛЈАНОВСКИ кој изрази желба да му гостува охридскиот Градоначалник ќе биде и водител на емисијата во која ќе стани збор за растежот на Охрид и најновите збиднувања сврзани со нашиот град.

Успешното вршење на градоначалничката функција од страна на градоначалникот Петрески е познат факт и мегу нашите во Австралија – изјави СИЛЈАНОСКИ. Убавите работи се слушаат далеку па затоа нашите слушатели посакаа градоначалникот ПЕТРЕСКИ да биде наш гостин.

Емисијата во која директно ќе биде вклучен градоначалникот Петрески, е утре од 8 до 9 часот по македонско време, а граѓаните  кои користат интернет врска, можат да ја следат спомнатата емисија на интернет со кликање на овој линк:


( http://stream.2000fm.net.au )