После објавените видеа на интернет, а на кои странските професори од Универзитетот во Охрид зборуваат за плагијаризам на Ректорот Давчев како и Проректорката Устијана Шикоска-Речкоска, се потрудивме да откриеме  повеќе што тоа точно се случува на Универзитетот во Охрид.

За среќа Универзитетот во Охрид ги имаше странците кои нема да дозволат привилегии,лаги и препишувања, туку веднаш откриваат и отворено зборуваат за она што мислат дека е плагијат и не во ред.

 Дел од информациите до кои дојде Охридскиот веб портал охридон:

1.    Според изјавите но и  текстовите во "Фокус", во  Универзитетот функционира нелегален Сенат, и како членови се избрани Јордан Шикоски и Коста Митрев, кои не се ни вработени на Универзитетот туку на друг Факултет.

2.    На истата Седница  Сенатот ја избира за професор Устијана Речкоска-Шикоска за професор и на истата седница ја избира за проректор,

3.    Во Сенатот членуваат, нелегално, Устијана Шикоска-Речкоска и Јордан Шикоски кои се маж и жена,

4.    Во Универзитетот работат Михаела Костадиноска и Дијана Николоска за чии работни места можеби не бил распишан конкурс или не е јасно кога бил распишан, иако е добиено одобрение од Министерство за финансии за нови работни места. Истите се претпоставува дека се луѓе на раководтсвото .

5.    Јордан Шикоски потпишувал документи на Универзитетот, дури и отказот на проф.Еттиене го има потпишано Шикоски како член на Сенатот иако не е вработен?

6.    На асистентите кои претходно имале добиено одобрение за отсуство поради докторатот, им биле праќани емаилови со закана дека ако не се појават на работа ќе добијат отказ, што  можеби не им го признавале претходно добиеното отсуство?

7.    Како што дознаваме, студентите се незадоволни од некои од сегашните македонски професори бидејќи имале лош англиски јазик и нивните предавања биле чисто теоретски и со читање од книга.

8.    Студентите се разочарани и од одржувањето на часовите или би можело да се каже според нив од неодржувањето, три пати во еден месец е сменат распоредот на часови.

9.    Испитите во септемвриската сесија се одржани можеби од несоодветни професори, а како пример го истакнуваат професорот кој предава математика, а држел испит по физика… 

Постојат и други сомнежи за големи пропусти за кои навремено ке информираме.

Од ова се поставува прашањето, дали Министерството за образование и наука има желба за напредок во образованието и во спроведување и почитување на законите. Само пред пола година минатиот Министер Тодоров им отвори борба во расчистување на непотизмот во образованието, а сега се соочуваме со сомнение каде истото се прокламира и толерира? Жално е и тоа што Министерот Кралев можеби знаел за све што се случува и редовно бил алармиран, но  до сега не е познато дали превзел соодветни законски мерки? Дали е тоа така поради тоа што некој од неговиoт кабинет можеби е близок со универзитетскиот клан во Охрид? па  свесно или не ги согледал сите факти ?  Доколку од надлежните институции, барем не се проверат сомнителните активности и со свое мислење не се произнесе Министерството за  Образование,  ке остане сомнежот за можен скандал во македонското образование и правата смисла за  ЗНАЕЊЕТО Е СИЛА, ЗНАЕЊЕТО Е МОЌ ?

Извор:ohridON 

http://www.ohridon.com/m-aktuelno/6674-2011-10-14-13-41-01.html