И годинава со скудни пари ќе се организира „богат” новогодишен дочек на градскиот плоштад во Охрид.

Според најавите, засега е сигурно дека ќе пее македонска музичка ѕвезда но не се откриваат имиња. Сепак, како што дознаваме, се воделе преговори со Ѓоко Танески, Влатко Илиевски и веќе одомаќинетите Ар-ен-си бенд. Колку општината ќе треба да плати за главниот музички настан, ќе зависело од изборот на пејачите.

Ставот на Локалната бил да не се трошат многу пари. За останатиот музички дел пак, се планирало да се потрошат околу 2 илјади евра.

Забавата ќе била целодневна почнувајќи за најмладите кои ќе ги израдува Дедо Мраз, тинејџерите, па централната прослава.

Во делот на украсувањето, покрај старите реквизити, градскиот парк ќе биде надополнет со нови светлосни декори. За тоа ќе се потрошеле некаде околу 10 илјади евра што ќе ги обезбеделе Локалната самопуправа и „Охридски комуналец”.

– За седум дена градот ќе биде во новогодишно руво, најавуваат од „Охридски комуналец”.

 

 

ohridON