Во манастирот „Света Петка“ – Велгошти вечерва се одбележаа 115 години од формирањето на првата востаничка чета во охридско.
Како што истакна Ѓоко Чингоски, директор на ОУ „Живко Чинго“, формирањето на четата во Света Петка не е само поради блискоста до Охрид, туку и поради приврзаноста на велгоштани кон делото на Организацијата.
– Овој настан велгоштани со гордост го споменуваат и го носат во срцето и душата, тој дух и ден денес ќе го видите во Велгошти, од мали деца па се до возрасни, стари е предавано од колено на колено, изјави Чингоски.
Велгоштани бараат да му се придаде поголема важност на овој настан од македонската историја
На формирањето на четата присуствувале: Христо Узунов, Наум Цветинов, Андреј Христов, Наум Златарев и Никола Костојчинов, а според најновите откритија е забележано дека и мајката на Узунов присуствувала на овој настан.
Во чест на 80-годишнината од формирањето на првата Охридска револуционерна чета, во манастирот Света Петка на 22 декември 1981 година, месната заедница од село Велгошти откри спомен-плоча.
https://www.facebook.com/O2.Televizija/videos/1239978662679165/
Извор: О2 Телевизија