Бизнисменот Минчо Јорданов е почесен граѓанин на Охрид , признание кое заедно со симболичниот клуч на градот, на церемонијата што се одржа во спомен куќата на Прличев, му го додели градоначалникот на Охрид Александар Петрески .Минчо Јорданов кој донираше средства за реконструкција на родната куќа на Прличев рече дека тоа е негов личен дар за трајно сеќавање на великиот охридски и македонски ловороносец .
На церемонијата и претходеше промоцијата на монографијата “Охрид-културно и духовно наследство”,Ди-Ви-Ди изданието “Магичниот Охрид” и електронското издание на книгата за манастирот “Св. Наум Охридски” во издание на “МС Прософт” од Охрид.
Денеска напладне на гробот на Прличев кај црквата “Св.Богородица – Перивлепта” беше одржана панахида.