sv-petka-na drvoЕдна необична појава, деновиве  забележала нашата сограѓанка Катерина Стојаноска. На дрвото непосредно пред влезот на верскиот храм, таа воочила силуета на светец со  христијански детали, вдлабната во една од гранките.

 

„Често пати доаѓам во црквата „Св Петка“, претежно во петок. Пред некој ден, дојдов заедно со моите најблиски. Овој пат ми се случи нешто необично. Се качувавме нагоре и вниманието ми го одвлече едно дрво на десетина метри од црквата, на кое јасно се гледа икона со ликот на светицата.“ – вели за ohridnews Стојаноска.