Денес со почеток во 11часот на големиот христијански празник ВЕЛИГДЕН се одржаа традиционалните коњички трки .
Покрај kоњичките трки свеченоста биде збогатена со културно уметничка програма при што настапи КУД „Илинден“ од Велгошти.
Во спорската дисциплина влечење јаже во која учествуваа Горна и Долна мала победи Горна мала и ја освои наградата боче со вино и јагне
Пред присутните се обрати градоначалникот Никола Бакрачески. Со честитките за големиот христијански празник Велигден, со кој им посака да ги води добра мисла и искрена верба во Бога кои се основата за градење на заедничка среќна иднина и напредок на секој план, го означи почетокот на трките.
По прогласувањето на победниците, сите заедно се упатија во црквата Св. Петка на заедничка молитва за здравје, среќа и бериќет.
Повеке фото на: https://www.facebook.com/media/set/?set=oa.701507779891891&type=1