Со радосниот поздрав „Христос воскресе, навистина воскресе“ православните верници oд синоќа на полноќ го дочекаа часот на Христовото воскресение, големиот христијански празник.
Во Велгошти во Манастирот Света Петка беше преполно од луѓе.
Во Охрид, македонскиот Ерусалим, викендов е преполно. Прекрасното време и туристите од Македонија, но и од соседните земји, потсетија на Охрид од најдобрите времиња.