Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ искажа задоволството од кампањата на партијата и подсети дека сепак граѓаните ќе знаат да одберат помеѓу реформите и транзицијата.
Повикувајќи ги граѓаните на Охрид да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, ги подсети да гласаат за владините инвестиции во нашиот град, во здравството, културата, инфраструктурата и насекаде каде што можело да се помогне, изгради и догради во интерес на граѓаните.
– Нашата платформа е народна, работиме за народот затоа што тој наградува, казнува и простува, но не заборава. Прифаќа убави работи, но занае кога е излажан. Кампањата ќе биде запаметена по програми, убави зборови, но и по ширењето на говорот на омразата од страна на опозицијата , што е одлика на губитници. Тоа народот го гледа. Нема да зборувам за се она што го направивме, сигурна сум дека вие- граѓаните тоа го гледате и се уверивте дека ВМРО- ДПМНЕ не дава празни ветувања, туку остварува, рече кандидатот за пратеник Анита Кипаризоска- Крстеска.
Задоволни сме од спроведувањето на една од најмирните и најдостоинствени кампањи во Охрид, истакна на денешната прес конференција потпретседателот на Изборниот штаб на ОК на ВМРО- ДПМНЕ, Дејан Паноски.