tatjana-mitkoФолкерката Татијана Стефановска стана Велгошка снаа. Таа во петокот пред роднините, пријателите и колегите на вечна љубов му се заколна на Митко Бежаноски. Свадбената свеченост се одржала во Битола, а на пејачката чест и направиле колегите Татјана и Новица Василевски, Елена Велеска, Сузана Гавазова, Анета Молика со сопругот и колега Џими имале настап навратиле на половина час да ја испочитуваат сограѓанката и колешка. Ред се чекало и за микрофонот, па сите колеги на младенците отпеале по две песни. Гостите ги забавувал бендот на зетот, кој настапува заедно со браќата Влатко и Златко Миладиновски

.”Ви благодарам на сите што ни ја разубавивте вечерта и придонесовте да биде поубава”, напишала битолчанката на Фејсбук-профилот за да им искаже благодарност на сите кои биле дел од нивната свадбена свеченост.

Татијана и Митко, кој е саксофонист и професор по саксофон во средното музичко училиште во Струга, се во врска околу една година, а се верија во мај за време на фестивалот Прилеп фест. Пред свадбата двојката првиот заеднички одмор го имаше на плажите во Ксамил, Албанија.
Фолкерката кога ја почна врската со колегата изјави дека конечно го нашла човекот на нејзиниот живот, каков што барала отсекогаш, кој ја разбира нејзината работа. Ова е прв брак за фолкерката, а втор за нејзиниот избраник, кој има и син.

Им посакуваме среќен брак и, секако, за среќата да им биде уште поголема и еден куп дечиња.

извор:vecer.com.mk