Во организација на Пакомак-друштво за управување со пакување и отпад од пакување -Скопје во посета на Основното училиште „Живко Чинго“, Велгошти денес пристигна ЕКО БУСОТ.
image

Целта на посетата беше преку прикажување на краток 3 ДЕ филм со еколошка содржина и квиз натпревар кај учениците да се подигне свеста за значењето на амбалажниот отпад.

Промотор на проектот и водич низ активностите беше Ивица Маринковиќ- познато ТВ лице – Ивце Пивце.

„Прикажаните содржини беа многу интересни и корисни за децата. Тие научија како треба да се селектира отпадот, односно во кои контејнери треба да се собира хартија, пластика и стакло.“– велат од училиштето.

Еко содржините ги проследија сите ученици од I-V одделение заедно со нивните наставнички.