Шеснаесетти октомври веројатно за многу генерации во земјава и пошироко уште долго ќе остане тажен датум, кој потсетува на болната вест за смртта на Тоше Проески.
Денеска се одбележува една година од трагичната сообраќајна несреќа што се случи во Нова Градишка, Хрватска, во која животот го загуби миленикот на многу балкански срца.
Според православните верски обичаи и желбата на семејството Проески, претпладнево на Гумење во Крушево пред вечниот дом на Тоше ќе биде одбележан помен за неговото прерано заминување.
Денешниот настан го одбележува и маратонот, што со пораката „Те сакаме сите“.од Нова Градишка до Крушево ќе го истрчаат 26 маратонци, како симбол на 26-те години колку што имаше Тоше