С.А.(24) од охридското село Лескоец и К.Д. (18) од селото Велгошти заработија кривични пријави под сомнение дека извршиле тешка кражба.

Охридската полиција името на С.А. го поврзува со уште шест тешки кражби извршени во Охрид. Тој е упатен во затвор каде издржува казна, додека на охриѓанката К.Д. и е определена мерка куќен притвор од 30 дена. На 29-ти минатиот месец, пријавените С.А. и К.Д. од куќа во Велгошти одзеле 25 000 евра. Откако насилно ја отвориле влезната вратата, во спалната соба во мала црна кожна торба ги нашле парите.

Пријавените во Велгошти извршиле уште една тешка кражба каде преку прозор влегле во куќата и по пребарување одзеле еден метален сеф, три мобилни телефони и рачен саат. С.А. преку терасата влегол во куќа на улицата Караорман во Охрид и од спалната соба одзел паричник со 21.000 денари и кутија со накит и бисери.

Со кинење на мрежа поставена на прозорецот, влегол во куќа и на улицата Партизански одреди од каде одзел бижутерија, белегзии и обетки. С.А. влезе и во хотелот Белведере со прекачување преку балконската тераса, од каде од соба украл 350 евра, машка јакна и чевли. Пријавениот С.А. и е познат на полицијата како стоител на други казнени дела.

(Фото: МВР)