Православните верници денес го слават верскиот празник Св. Никола. Во Велгошти  на голем број на семејства празникот им е домашна слава.

Свети Никола е роден во градот Патар во областа Ликија во Мала Азија на обала на Средоземното море, од родителите Теофон и Ноне.

Во време на владеење на римскиот  цар Валеријан. Уште како  дете Никола покажувал несекојдневни душевни способности. Кога пораснал и завршил школување сакал да стане свештеник и тогаш неговиот чичко, архиепископ, го  поставил за свештеник во градот Мир.
Кога на Никола му умреле родителите, кои биле млогу богати, тој започнал од своето наследство да ги помага сиромашните, делејќи им милостиња.

Кога починал неговиот чичко, Никола е изабран за архиепископ Мирлински.
Како архиеписког Никола го подучувал народот за вера, не само во цркви туку и по домовите.

Младите ги советувал, обиколувал ги болните и им помагал.

Никола, по прогонот кој го доживејал во варемето на царот Диоклецијан,со доаѓање на царот Константин кој го ослободил од затвор, повторно се вратил на местото архиепископ. На повик на цар Констанин учествувал  на првиот Васељенски сабор во Никеја.
Никола до длабока старост управувал со цркавта.

Починал на 19 декември 345 година, а неговото тело е погребано во  саборната црква  на Мир-ликијска митрополија.
На 08. мај 1096 година моштите на Никола се пренесени во Бари во манастирот на Светиот Јован Претеча.
Спомен на денот на  смртна на Свети Никола се слави на 19  декември по нов или на 06. децембар по стар календар.

Во годината Свети Никола  се слави и на 22 мај по нов (09 мај по стариот календар) во знакот на сеќавање на пренесување на неговите мошти во Бари.