7- ми ноември е датумот кога победија демократските сили над фашизмот- беше истакнато на одржана свечена седница по повод денот на ослободувањето на градот. Пред голем број гости уште еднаш беше искажана огромна почит кон оние кои ги загубија своите животи, но и кон оние кои учествуваа во ослободувањето на охрид.
Охрид го одбележува својот празник- 64 години слободно чекорење, победа на демократските сили над фашизмот. На свечената седница по тој повод беше потенцирано- голем е придонесот на македонскиот народ во победничката антифашистичка коалиција за станувајќи на страната на прогресивниот слободоумен свет.
Овој свечен чин- одбележувањето на празникот 7- ми ноември е ден кога ја искажуваме нашата благодарност кон борците кои придонесоја за денешната слобода, но и ден кога треба искрено да се зашпрашаме што ние новите генерации правиоме за доброто на градот, рече претседателот на советот, Владо Чинго
Во рамки на одбележувањето на празникот, делегации на Советот на општината, Сојузот на Борците и одделни институции положија свежо цвеќе во спомен алејата на Градскиот плоштад, пред бистата на Петре Пирузе-Мајски пред Судската зграда; бистата на Мите Богоески во дворот на Економското училиште. Свежо цвеќе беше положено и во Спомен паркот на Револуцијата над Билјанините извори и на Градските гробишта- во алејата на паднатите борци, како и на спомен обележјето на Јасна Ристеска во с. Рамне.