Во чест на 2- ри август, Денот на Републиката, во Велгошти ќе се одржи пригодна свеченост на кои ќе присуствува градоначалникот на општина Охрид Александар Петрески.
Во предвечерието на националниот празник, во Велгошти со почеток во 20 часот пред споменикот на Илинденците, традиционално ќе биде одбележан Денот на Крушевската Република каде ќе присуствува и свое обраќање пред присутните ќе има Градоначалникот Александар Петрески.
Слика од спомен плочата Слика од спомен собата