image

ВЛАТЧЕ ГО ВИДЕ JACEРA

Абе некош да пишиш как да пишиш. Некош да не пишиш как да не пишиш. А весник отвори а зевзек најде. А телевизор пушти, а в грло ти се фрлат некој зеленко. И да не сакаш ќе пишиш. Материјал колку ти душа сакат. Ова државава наша ко езероно. А е гомце одма го исфрлат на површина.

Как да преќутам, как да не  се нервирам ко ќе ми речет..: …“алал да му е на тој тој комита,  војвода, колку бил храбар…сам му се фрлил на 40-50 заптии и загинал….“…???????????? Ам ќе загинит, шо да на напрајт? Кај трчал жити леб сам против 50? Абе сам веќе ни вклозет не се ојт. Мислел то заптите ќе напрает …Ваааууууу.  Е не. Му напрајле баууууу.. И пупунец. Бил храбар? Как да не. Тезгере. Ам скрисе зад грмушка дур те најдет од кај пукаш бар 4-5 ќе опериш. А вака шо? И ајдееее сега мостој, улици, школи по него викај.  Алоооо ….Чак Норис не се осмелвит така.

Как да не напишам дека она детено од Ѓорчевци (Бучко шо ни срам ни намус онаков каков шо е со ушињана му рече дека е мочко)  се сеќавал на раните 80 – ти.  Детено ти се сеќавало на Сараево и олимпијадата, памтело како Роси дават голој и го памтело на Јасера Арфата……Значи машконо не вундер кид…Абе …..вундер меморија  ти бил. Можда го имат видено и дедому на Пинки шо го имат видено Тита?

Дан се сеќаваш бре мило и на Алкапоне и прохибицијата? Дан беше  ко летна првиот цепелин? А машко ко да сретнав во твојата биографија нешо како: роден 31.08 1978 година ? Или јанглаш сум ? Ам 80 минус 78 е нецело два. Така е? Ако е жити целата твоја ароганција на 2 години како го виде и како го памтиш Јасера???? Во твојата ароганција и стил на какање пишиш и анализираш проблеми од  политика, економија, спорт, музика…дан проанализираш понатака нешо и од областа не гинекологијата? Аман бре дете. Како “Дијамант“ маргаринон се сторе. СЕ МЕШАШ ВО СЕ. Запна БЦ та БЦ.

Пак кај го спомнав БЦ…Се рашета чоекон на стари годни. Пту пту машала, кокошкине да го серат. Ам пустион Слатино негово не го знајт како шо денојве ги научи: Нерези, Дабиле, Паликура, Дупени, Сарамзалино, Пирава и други вукојебини. Се изнацапа во ниви, се изнагледа лепешки, ќенефи, амбари, кокошки, крави. Го имат сегде. Ко неморат. А ко ни требеше го немаше ни на нива, ни вќенеф го најџвевме ни….Шо требит да сватам сега? Дека ептем го заболе за народов? За Македонија? Мада….и тогаш и сега и него и сите други навистина ги заболе и за народов и за Македонија…

Тук кај шо реков Македонија. Абре како мојше она крколоно  да речит дека државава ….“..на газот ја носиме…“. Ти бре Геро вистина си бил за титловање како на “Еднооки“. Еми луѓето се ватерполисти, дрес има се купачите и имат две места кај шо может да го клает знамето. Газот,  шо го спомна ти и…она….как се викаше…си знајш ти. Голем си.  Или незнајш. Как да е …одвратно од тебе и не невреди сите. Без разлика шо сакаше да кажиш. Ти ако ја носиш Македонија на газот, ако сакаш в натре напикај си ја. Посебно мојш “Нова Македонија“ да си напикаш. Ама не сегашнава. Она со старион формат. Ќе ти ја соберит цела. Мене не ми кажви кај ја носам. И на другарите.

Та ти, та она шо на две години дур праело колачи од кал шо на све се сеќавало, та Бане, Евлија Челебија, та на Колета та на…абе на сите, политикава умот ви го зеде. И да викажам ме заболе другоно место од дресот на ватерполистине шо умот ви го зеде вас. Туку вие ни го зедовте нас. И денешен априлили ни го зедовте со ваши препукувања. И денес најдовте душа да ни ваѓате. Арам да вие. Ај шо се плескате меѓу себе ами ние се пораѓаме море,  а вие си прајте ќејф. Ама да ви кажам. На  македонскиов народ мојт да му прекипит. Некош ама. Не сега. Аааа..немат кај нас. Мојт да дојт време кај шо ќе се побуниме. Немат појќе да се мачкаме со вазелин на местото кај шо рече стрикоти Геро дека ја носел Македонија ( да би  со тој дел заработвел за леб). Да бе. Нередиме. И дур не онаквите нек ве пржит. И овај народ  кај да е ќе му прекипит. Зашо да не ви кажвам….да не ве плашам, ама да си знајте.. македонскиов народ си го  носит кубуруот на појас….Ааааа..Како ами!!!!

за velgosti.com пишува  Џими

jimmy@t-home.mk

Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите