Охриѓанецот Мишко Танески, член на планинарското друштво „Магаро“, успеа да се искачи на врвот на Африка, совладувајќи ги снежните врвови на Килиманџаро.

Искачувањето на покривот на Африка на снежниот врв на Килиманџаро – Ухуру Пик (5.896 м.н.в.) траело шест дена. Експедицијата во која бил Танески подвигот го направила во саботата во 16:50 часот.

  

Танески во оваа мисија учествува како член српската планинарска експедиција „Натуралимитс“ од Зрењанин. Триесет и седумгодишниот охриѓанец за Танзанија отпатува на 17 овој месец. Инаку, тој во состав на мешовита Македонско-српска експедиција на 10 август минатата година успешно се искачи на 4.810 метри високиот врв Монт Блан