Синоќа во селото Велгошти, во близина на манастирот „Света Петка “ по 28-ми пат се одржа традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“, во организација на МЗ Велгошти и Општина Охрид.
Свежо цвеќе пред неговото спомен обележје положија претставници на локалната самоуправа, како и бројни почитувачи на делото на еден од најдаровитите македонски раскажувачи.
Пред присутните се обрати заменик градоначалникот на општина Охрид, Ангел Јанев. На чествувањето, на младата охриѓанка Емилија Карафилоска, заменик градоначалникот му ја врачи наградата „Живко Чинго“ за најдобар, која изнесува 30.000 денари.
Беседа за писателот одржа драматургот Јордан Плевнеш. На крајот програмата беше збогатена со богата културно-уметничка програма.
Претходно, делегација на ОУ „Живко Чинго“ од Велгошти положи свежо цвеќе пред споменикот поставен во дворот на училиштето.