Во манастирот Св. Петка во Велгошти на пригодна свеченост oрганизирана од страна на МК на ВМРО ДПМНЕ – Велгошти, се одбележаа 113 години од формирањето на првата охридска востаничка чета.
На самиот чин на создавањето на оваа чета присуствувал Христо Узунов, неговата мајка и игуменот Атанас Темјанов. Советникот Илија Арнаудоски во воведниот збор го потенцира значењето на четата како за Велгошти така и за самиот охридски рефион. По положувањето на свежо цвеќе на спомен плочата, од страна на делегацијата на општина Охрид предводена од Претседателката на Советот Гордана Коњаноска и секретарот Димитар Спасески и делегацијата на месниот комитет на ВМРО ДПМНЕ од Велгошти професорот Ванѓелко Лозаноски одржа предавање за значењето и улогата во понатаможните текови на револуционерната борба
„На наше огромно задоволство сме гости во Велгошти на Месната заедница, во прекрасната атмосфера на храмот Света Петка, каде што одбележуваме годишнина од формирање на првата востаничка чета во охридскиот регион. Овој настан е особено значаен за Велгошти., за Охрид, генерално значаен за македонската историја и од тие причини ме радува фактот што жителите на Велгошти преку својата Месна заедница секоја година наоѓаат начин и можности да го организираат ова чествување на овој величествен ден за Охридското востание, Од тие причини ние како Локална самоуправа секогаш сме тука да го помогнеме настанот и со своето присуство да ја збогатиме самата манифестација,“- изјави секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески.