Игор Бежаноски ќе снима спот за песната “Жането” со која настапи на овогодинешниот “Прилеп фест”.
Се уште точно не е прецизирано каде ќе се снимаат кадрите за темата на која под текстот стои потписот на Борче Нечовски, а музиката и аранжманот ги потпишува Дејан Момироски
. Видеото ќе биде најава за албумот на фолкерот, кој наскоро ќе се појави на музичкиот пазар.
Ова ќе биде втор видеозапис на Игор по оној за “Виолината ми е судбина”, песна со која настапи на минатогодишниот “Прилеп фест”. Бежаноски моментално работи и на ДВД-издание, на кое свое место меѓудругите ќе најдат неколку стари македонски изворни песни.