Во Основниот суд во Охрид денес започна судењето на Лазе Радески,кој според обвинителниот акт е обвинет за убиство на Раим Ракип,Спиро Ставрески и Трајче Цоцески.
Пред Судскиот совет, со кој председаваа судијката Милка Танески Милчо Клишески,обвинетиот Радески негираше дека ги убил дилерите на девизи Ракип и Ставревски, но призна дека го извршил убиството на Цоцески. “На сега веќе покојниот Цоцевски му дадов 800 евра за да ми ги претвори во долари.Тој во продавницата кај мојот зет каде што јас работев се појави неколку дена подоцна.Кога го прашав за доларите што требаше да ми ги донесе Цоцески ми рече дека не сум јас што треба да кажува за роковоите кога да ми ги врати парите.Беше агресивен.ме фати за вратот и во еден момент ме удри со телефон во левата страна од главата.Јас го отурнав,а тој потоа зеде ноже и замавна кон мене но не ме погоди. Потоа со цевка што стоеше во продавницата и ме удри по телото.Во еден момент Цоцески извади и шишенце со спреј,но наместо мене да ме испрска тој се испрска себеси”,вака започна исказот на обвинетиот Лазе Радески на судењето во Охрид и продолжи:
“Кога тој беше во полусвртена положба јас зедов еден чекан што беше во продавницата и го удрив Цоцески по глава.Тој падна на подот,но сеуште даваше знаци на живот,тогаш јас со чеканот го удрив уште еднаш,по што тој повеќе не даваше знаци на живот.Бев во голема паника,но успеав да го завиткам телото во најлон и го префрлив во мојот автомобил.Тука го оставив до следниот ден кога заедно со мојата сопруга отидовме до појот посед на винова лоза.Вечерта истиот ден телото на Цоцески го оставив на едно запуштено место кај струшкиот брег.Откако си заминав оттаму се сетив на парите што требаше да ми ги врати покојниот дилер.Се вратив каде што го оставива телото и во еден од џебовите пронајдов пари,завиткани во најлон.Но тоа беа денари,а не девизи.
Парите беа навлажнети од водата и натопени со крв.Набргу потоа дојде полиција во мојот дом и ги пронајде парите”.
Радески на денешното судење енергично негираше дека тој ги убил и Раим Ракип и Сприо Ставрески и оти исказите за овие двајца дилери ги дал под присила во СВР-Охрид.Тој кажа дека некој инспектор му се заканувал нему и на неговото семејство доколку не ги признае овие убиства.
Бранителот на Радески,адвокатот Емил Балабан кажа дека самото признание на Радески дека го извршил убиството на Цоцески не значи дека тој тоа и го сторил,па затоа побара нов распит на обвинетиот,реконструкција на целиот случај и изведба на нови докази.Судењето на Радески продолжува утре.