Синоќа во Основното Училиште „Живко Чинго“ во Велгошти се одржа пригодна свеченост по повод патрониот празник на оваа образовна институција.Училиштето го одбележува како празник оддавајки му почит на својот патрон Живко Чинго, во знак на трајно одбележување на денот кога познатиот писател ја доби највисоката награда на „СтеријинотоПозорје“ во Нови Сад за своето дело „Ѕидови, води“

На свеченото одбележување на патрониот празник на Училиштето, покрај родители на учениците, претставници на образовни и јавни институции, членови на семејството на Живко Чинго и културни дејци, присуствуваа и претставници на Општината како и  претседателот  на Советот на општина Душко ЈАКОВЧЕСКИ.