Екипата на” АСП ПАК” со победа над екимата на ”Мистер Ај”го освои првото место на десеттиот турнир во мал фудбал ”Велгошти 2014”.
Медалите на првопласираните и пехорот им ги врачи градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески.
Инаку на турнирот имаше голема посетеност, трибините на игралиштето во Велгошти беа премали да ги примат сите кои сакаа да го гледаат фудбалот, а гледаши стоеа околу оградата и на висинките.
Од година во година турнирот во Велгошти е поквалитетен, наградата за најдобрите расте и сосема заслужено чекор кон најдобрите турнир во Македонија.
Фото: Стојан Стојаноски