Со свечена прослава, денес (20-ти март) во Центарот за култура „Григор Прличев“, ОУ „Живко Чинго“ од Велгошти, ќе го одбележи патрониот празник на училиштето.
На свеченоста, свој настап ќе имаат училишниот хор, учениците од погорните одделенија, како и најмалите ученици со свои музички точки.
Директорот на училиштето, Ѓоко Чингоски, на најуспешните ученици ќе им додели награди, како и благодарнци на заслужните субјекти.
ОУ „Живко Чинго“ годинава одбележува 139 години од своето постоење. Во минатото, а и сега, учениците од ова училиште постигнуваат одлични резултати во нивното школување, а од ова училиште произлегле и многу успешни граѓани во Република Македонија.