Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Охрид упати честитка по повод големиот христијански и државен празник Свети Климент Охридски, патронот нашиот град.
Во честитката се вели:
Денешниот ден го симболизира враќањето на Свети Климент во Охрид ден од кој потекнува коренот на Македонската црква. Делото на Свети Климент Охридски како основач на Охридската архиепископија и нејзин прв епископ, како просветител и основоположник на Охридската книжевна школа, како творец на кириличното писмо и втемелувач на старословенскиот јазик како трет службен јазик на православната црква, во потполност ја отсликува мисијата на православието – јакнење на христијанскиот дух и верата на луѓето, како и нивно подучување и описменување.
Им посакуваме на сите православни христијани во спокој и хармонија да го дочекаат и празнуваат овој голем празник. Нека ни е честит и за многу години празникот!