Како што соопшти Наумче Новески ( раководител на шумски екосистеми ЈУНПГ) Националниот парк Галичица го подигна нивото на предострожност на повисок степен со цел превентивно да се делува и да се спречи појава на пожари кои минатата година уништија површина од над 6500 хектари.
Со цел да се спречи појавата на пожари ова лето, НП Галичица деновиве започна кампања за подигање на јавната свест за зголемената опасност од појава на пожари. Ќе се постават информативни табли на 15 локации во националниот парк, а во деловите за рекреација каде има движење на луѓе на дрва ќе бидат поставени пластифицирани флаери со предупредување. Исто така ќе бидат испечатени и 10.000 флаери со едукативна содржина кои ќе се делат на граѓаните и гостите.
Покрај ова предвидено е да се одржат и повеќе средби со локалнато население кои живеат во зоните од националниот парк. Се надеваме дека на овој начин ќе успееме превентивно да влијаеме и да ја намалиме опасноста
од појава на пожари.
Од НП Галичица информираат дека состојбата секојдневно се следи со засилени контроли на терен и во координација со Дирекцијата за спасување и заштита, но апелираат до граѓаните да бидат крајно внимателни и да го чуваат природното наследтво и животната средина.