Eкипата на Мистер И триумфираше на 13-то издание на турнирот во мал фудбал „Велгошти 2017“. Во финалето „црните“ со 2-1 го совладаа тимот на Кадмо.

Финалето понуди голема доза на неизвеснот, а во таква ситуација подобро се снајде екипата на Мистер И која постигна гол повеќе.

Во малото финале тимот на Ајдиноски Инженеринг го совлада минатогодишниот шампион АСП Пак 4-3, откако регуларниот дел заврши без победник 1-1.





Наградата за најдобар играч замина во рацете на Боге Бимбилоски (Мистер И), додека награда најдобар голман ја освои Наум Таулоски (Кадмо).
Извор: OhridNews