dzimi2

Абе ко ќе тргнит нопаку све ојт нопаку. Не бадијала викет дека по утрото денот е посран. Мада не ми е јасно некош зш ова поговорка се се корстит. Како мојт по бебето кодош да се сумит ко ќе е голем. Ама нејсе, тури му пепел. Така денес мене ми почна.

Одам на заболекар: Добар ден. – Добар ден. Забов ме болит – Седни. Имаш кариес. Се здрвив. Си реков шо е то шо имам. Се вџашив во фацава ко Хорхе во Америка. Ко покакан. Знам дека ги измив забиве пред да дојдам ваму. И сега шо ми нјаде ова??!! А пак несакав да ќутам го Хорхета, ко риба и одма прашав: Докторке шо е то кариес.

– Скапан ти е забот. Одма знаев кој е крив. Грција. Ко мојт Грција да е најголем инвеститор во независна самостална и за малку признаена Македонија а истовремено и крива за лошата економска состојба, така рече Џокица мали во Америкине, зш да не е крива и за забов скапан. И сега си реков шо? Крни го викам. Не – рече – сакам да го пломбирам ама неможам. Немаш врата. Абе имам дома ама каква врска имало врата со пломба. Е таква, заб без врата немојт да се пломбират. Сакав да постигнам разумен компромис, та да го пломбират а јас утре задутре да и донесам врата, ама не ме разбра шо е то разумен компромис.

А јас нејќев да и објасвам. Ти се молам. Кој будала незнајт шо е разумен компромис. Нај глуп да си на светов, председател да си ќе знајш шо е разумен компромис а не ….Се подумав дал да и клам ембарго, после ми дојде на ум да му се јавам на Колета да ми кажит дал смеам уште појќе да зборвам и шо да зборвам ама си ојдов. Не ојдов Њујорк, на забар ојдов , ама нејќам да се бламирам.

Од тука тргнав на кај дома ми. Ама ко шо реков….ко ќе ти е судено да си пердашен гаштите сами си паѓет. Прво неможев да поминам од кај шо си одам имаше свечено отворање на контејнер. Некој излегол да фрлит ѓубре, поминал Латас и го снимаше. После нигде неможев да најдам трослоен гс папир. Дома ми барет ем трослоен ем да не бил парфимиран. Абе цел град го свртив. Нигде бре нигде. Јес да во држава секој какат и шо сакат какат ама кај се запнала сите по трослојна. Ама јас си сум крив. Во 1995 ми нудеа да земам цел вагон трослоен, ама јас го промашив возот

Мада искрено кој се надеваше дека за 15 години во нашата Реублика Македонија толку многу гомненјци ќе се напрает шо ни трослојна тоалетна не ќе мојт да помогнит. Ме фатија сафри. Пред да влезам дома си реков ќе земам од комшоно лопата, тро во бавчана да средам. Ак не друго ми кажаа дека поминале некој да не речам коњишта го изгазиле македончено та корен не остајле од него. И друго згазиле ама жал ми е за пусто македонче. Кај малку ми беше сега скроз го снема. Кај тој првиот неможев да земам лопата.

Имаше луѓе од водовод отвараа шахта нешо проблем имало. А Латас засукал ракајте, шиштит со новине заби, снимат, а позади гужва од пацери шлашкет. Безвеза. Јас, а не само јас, пола македонци колку пати сме се давеле во говна и шахти сме отварале ама никој ни не снимал ни ни шлашкал. Кај тој другиот одам а да ми речам да ми дајт лопата ко го гледам тој кај него копат со лајца. Кутлача.Ар шо вака, камо ти лопата?- А лопати ни за лек комшо. Незнајш? Поминаа со камион од кај Влада, онај шо собират железа и ги зедоа сите. Му требеле на Колета. Глеш овие шо отворет шахтана? Е, ко ќе средет ќе морат да се отворет сите шибери. Коле не ќе мојт да ојт на сите шибери и ќе им даел на другарчињата, а адетот знајш како во последно време.

И Месни нарезак да се отворат морат некој да фрлит лопата две а Латас да снимит. Не бидвит нишо реков. Се пошлајв на сто места ко Ленче Фармеркана и не завршив работа, а така остана македончено изгазено и реков ќе си одам дома. Џанг…. пуштам телевизор да видам дали Неџла ќе заминит со Огус Германија,а Фикрет дал ќе се мажит заинет од сите и Џем дали положил, Лејла дал пијат лекој дур Али Риза плашит на тераса а Хајрие оговарат со Ферхунде, ко то лајно прст ми ојде на вести….а таму…ШОК ( и со зборој ШОК). Фуере ќе си одел. Абе шо баксузи ќе бевме ние ова македонциве. Султанот не остај така, партизаните по грешка го нападија Хитлер, Киро ЈНА…уште ова ни фалеше. Лелееее паника ме фати. И сега? Бозо си ојт.

Си ојт чоекот шо ни кажвеше како да живејме, чоекот шо ни кажвеше како да дишиме како да се бришиме, како да го копаме носов и многу други основни функции кои не одржувет во живот. Ме фати паника. Кај кого сега ќе се кодошиме а? Кој ќе ни кажвит сега како се сркат супа. Кој ќе ни велит дека сме арни ама дека не сме арни? Ќе си ојт со кључот Аце шо му го даде, ќе го остајт…..зоврев. А најмноги знајш шо ми е?? На кого Аце ќе му туркат бурето в сурат. Можит Соренсен незнајт да пливат? А и да знајт во друго е проблемот. Ацета го имаме видено појќе пати дека силно туркат. Мојт да го акнит Петрета в гла и да напрајме беља. Ерван немаше гајле од туркање. На олка гла имат ко стамболка, а вака сега…Абе пуст да да би пуст останал животот македонски. Шо ќе прајш. А и шо да прајш. Сираци на балканот. Абе Фичка му матер немат ваков бакзус народ на светот. А можда пак Фостојт. Незнам.

За velgosti.com пушува:

ЏИМИ jimmy@t-home.mk