Денес го празнуваме воскреснувањето на светиот и праведен пријател Христов четвородневниот Лазар. Традиционално Лазара се прославува во Велгошти.
Лазарките му пеат посебна песна на секој човек зависно од неговата возраст и општествената положба и за тоа добиваат дарови, најчесто пари. Во овие песни се велича личноста, се посакуват напредок на семејството здравје и среќен живот на поединецот.Лазарките ги најавуваат пролетта и Велигден. Се верува дека лазарките носат радост, среќа и благодат во куќата што ќе ја посетат.
Нивната „мисија“ секогаш се одвива на Лазаровден, една недела пред Велигден.
Нивните песни обично се лирско-обредни и раскажуваат за љубовта, за среќата, за мажачка, за женачка, за новороденче, во зависност од тоа во која куќа што има да се опее. Облеката на лазарките треба да биде чиста и блескаво бела, нова и грижливо подготвена еден ден порано, во сабота, попозната како Лазарова сабота. Тие својата кошница ја украсуваат со пролетно цвеќе, секогаш ја носат со себе и во неа ги ставаат јајцата, со кои ги даруваат домаќините што ги посетуваат. Најмалите лазарки се облекуваат во невестински фустани, бели и розови.
На Лазарева Сабота именден празнуваат: Лазар, Лазарка, Лазо.