Врз основа на одлуката на Втората меѓународна конференција на жените социјалистки, одржана во Копенхаген, Данска, во август 1910 година, 8 Март се слави секоја година како Меѓународен ден на жената.
На оваа конференција по иницијатива на Клара Цеткин, беше решено 8 Март да се одбележува во спомен на демонстрациите на американските жени во 1903 година, кои се одржаа под патролата – Борба за општо право на глас.
Меѓународниот ден на жената е поврзан со храбрите, но сепак обични жени, кои успеаја да ја сместат во историјата идејата која се провлекувала во вековите наназад, еднаквост на жените и мажите во општеството.
По победата на болшевиците во Русија, 8 март по прв пат е прогласен за државен празник. На запад во 20-тите одбележувањето на 8 март полека замре, а оживеа во 60-тите заедно со растежот на феминизмот. Сепак, во ниту една западна земја 8 март не е прогласен за државен празник.
Денес, 8 март е државен празник само во малку земји како Русија, Белорусија, Молдавија и Украина, Ерменија, Бугарија, Монголија, Узбекистан, Виетнам. Република Македонија е една од ретките земји во кои се празнува Меѓународниот ден на жената, иако овој празник има само симболичен статус и не е поврзан со идеалите за родова рамноправност.
Традиционално кај нас по повод празникот се купува подарок за секоја жена. А најголемиот дел од оние кои подаруваат, се одлучуваат за најскромниот и најубавиот подарок, цвеќето.