На Акционерското собрание  во охридската компанија  за производство на електроопрема  ЕМО , закажано  за 5-ти  мај , Владата официјално ќе стане  доминантен сопственик . Според  ветувањата , до одржувањето на  собранието , треба да заврши процесот  околу сопственоста  на  акциите  и чистењето на  билансите , јавува Радио Охрид.

Според  ветувањата, до одржувањето на собранието, треба да заврши процесот околу сопственоста на акциите и чистењето на  билансите.
Охридски “ЕМО“, шансата  за опстанок ја гледа во продажбата или изнаоѓање на стратешки партнер. По двата неуспешни  тендери, вице-премиерот  Зоран Ставрески  неодамна најави дека за два месеца ќе биде распишан трет тендер. Според  неофицијални информации при крај е чистењето на билансите на компанијата и  преземањето на долговите на “ЕМО“, со што Владата е сопственик на над 60 отсто од акциите.

 Владата на Република Македонија  , со посебен закон , своите побарувања  ги претвори  во  траен влог..Вкупниот  износ на долгот    е  околу 7 милиони  Евра  пари  кои се употребени за  средување на  економската нестабилност  на компанијата ,со што се отвораат  можности  ЕМО да биде  поатрактивен за продажба или  барање  на стратешки  партнер .

  Засега не се знае  дали  во третиот тендер  ќе остане клаузулата  , новиот сопственик  да има обврска   да ги задржи  на работа  околу 2.300 вработени , одредба  која    беше  една од посериозните  пречки  во преговорите   со  потенцијалните  купувачи на ЕМО.За да се  избегне  оваа непогодност   Владата  може  пред објавувањето  на тендерот  или паралелно со него да понуди   социјален  пакет  за  намалување  на бројот на вработените или од купувачот  да побара  нови инвестиции за проширување  на производството  и вклучување  на  вишокот  вработени  .
 Сеуште  не се знае   дали  на ова  Акционерско собрание  ќе биде донесена  одлуката   за  продажба   или  пак ќе биде  оставен  простор  прво  Владата  да  направи   неформални  директни разговори  со    заинтересирани  странски  компании, па дури потоа  да го распише  третиот меѓународен тендер   за продажба на  охридски ЕМО.