wpid-jimmy_za_kolumna.jpgАбе конечно среќа. Конечно радост. Конечно оргазам од среќа. Абе викав јас трпение спасение, па кога и да е ќе прочитаме добра вест во некој весник. Абе сигурен бев дека и овај Охридов наш сонце ќе го угрејт, сигурен бев дека после толку какањци ќе имат и прав потег за нашава општина, општина која ќе се развиват како трева на дожд, како лук толчен, како хемороид под напон како..

Еј море. Отворам денес и читам:“…..холандска донација за равој на хокеј во Охрид….“. Лелелее радој, леле скокање. Мочнав од среќа. Господ здравје и чешел да и дајт на амбасадорката Симоне. Алал да и. Ова се море донациии алооооо. Ова е потег. Браво и за Дуле шо го прими. А не само примај шо да е.

Е со ова веќе комплетно во Охрид се среди целиот спорт. Тргнавме со средвење ако не со друго со спортот. Џанам уште малку ни требит ама тргна. Еееееееееејјјј…..хокеј во Охрид. Абе ко прочитав све заборајв. Замисли да се донираше за развој во друг спорт. Ќе се самоизедев. Ко Драганчето ќе земев нож встомак да се убодам. Ама ете дада Симоне и батко Дуле ме вратија назад. Замисли например Симка да финансираше во пливање???? Ллелелел трагедија. Од кај море во Охрид пливање? Немојш да финансираш во Охрид за пливање з`ш од каде таленти за пливање овде? А? Во Валандово да.

Или во фудбал пример. Немат потреба. Земјана шо е на скопртскион ко да личит на трева. Нејсе кај да е за 7-8 години ќе имат и трева. Ваљда ќе имат. И да немат она ти е двор ти е. За нас е битен хокејот. А и шо сакаме појќе бре од фудбалот? Децава одат по 300 школи , даваме посрани 500 денари месечно, се отепвет меѓу себе играјќи, а ако требит до Струга да одат еднуш во 12 месеци, ние родителите по 100 денари и крај. 100 ами како. Не е Струга одовде донде. То имаат пааааат алоооооо. И ко ќе виш, освен овие 500 денари месечна членарина, 100 до далечна Струга, 2000 за копачки, секој ден по 50 денари за јадење, 300 за шорцој, 2×250 денари за маици за да се преслекват, 3000 за точак да стигнет до таму ( шо потреба да е организирано ), навистина ама навистина други трошоци немаме. Некој ако речит дека ова е многу зинет зборвит.

Или скраја да е да акнеа донација во ракомет. Во полигонон шо не е полигон, кај шо се собираше све живо и диво. И шо праеја тогаш? Собери се цел ден играј ко ненормални и клапуносај вкревет во 9 навечер. Не оти можеа тогаш ко сега децава да скитет до два, да киснат во кладилници, да пијат акохол, да пушат по една кутија цигари на 15 години, па и да се дрогирет…..абе ништо ич ништо. Досаден живот. Сега е друго. Да ти е милина ко ќе видиш кај три сабајле 3-4 момичиња каменосани и си пејат на тротоар седнати. Е например оваа гледка би ја немало ако се донират во ракомет да речиме, во играорните, и други глупости.

Е сега не само оваа донација например имат и други донации шо биле на место. Не ко ова за хокејот шо е традиција во Охрид, ама пак имало. Еве една само. За пример ќе го земам Угостителсково. Си добија 30-40 комјутери. Некој го слушам прокака им требело намирници за да учат да прает јадења…..абе господ да чуват и да бранит и голман да станит. Дан требит и компири да им се купат да прает помфрит? Тој не е за да се напукет. Три компири колку да видат како се прајт. Шо им фалит. Секој клас за секој еден час си имат 2 јајца и доста е. Колку јајца требит пак за да напрајш кајгана? Едно дете ќе прајт 35 ќе гледет. Додуша не сите 35, ама оние 10-тина шо се напред ќе им раскажет на другите како се прајт. И шо потреба да работа сите рингли за две јајца. Не ќе прает ајвар??

Господе господе здравје да и дајш на дада Симончето и Холандија. Донираа во традиционалниот спорт познат за нашава општина, шо некош дури бил и семејна традиција и така ради финансии нејасни прилини замрел. Ете ќе оживејт. Е сега се надевам дека ќе се финансират во уште многу традицинални познати и битни за охридов наш спортови како хокејот. На пример како: ѓуздија, , бијана, долга магараца, пипни стој, пучигаз, ластик, руке у вис, хркљуш, котканапиткана, народна, били, фанта, чичино, лепитки, бинек, пафте-пуфте, голф, бочање, рагби, поло………..и други спортови кои некогаш биле традиција и се ептем битни за Охрид и неговата клутира и традиција како напред спомнативе.

за velgosti.com пишива:

ЏИМИ

jimmy@t-home.mkОваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите