Aтарот на манастирот „Света Петка“ заживеа од мноштво народ, од луге – почитувачи на Живко Чинго и неговото бесмртно дело. За одбележување е дека мноштвото народ на платото под манастирот, каде што е и споменикот на писателот, само по себе потврди дека манифестацијата која се организира за чествување на Чинго, се потврдува се’ повеке како културен настан со големо значење.
Во тој растеж и нагорна линија на оваа манифестација, свој придонес има и востановениот конкурс за најдобар расказ што го распишува Општината во рамки на „Вечер на Чинго“ бидејки се’ повеке, на тој начин, се свртува вниманието и на „лугето од перо“ со што се остварува основниот придонес на манифестацијата – да се афирмира расказот како книжевно дело и во овие сегашни времиња.
Чествувањето за писателот започна со полагање цвеке од страна на делегации на Општината, училиштето од Велгошти кое го носи името на писатело и роднини на Чинго. Манифестацијата ја отвори градоначалникот Александар Петрески кој изрази посебно задоволство што се негова оваа манифестација со се’понагласен пиетет од година во година. Во таа смисла, Петрески изрази благодарност и до сите оние вљубеници во пишуваниот збор, сограгани и писатели кои се вградуваат себеси на еден или друг начин во афирмацијата на делото на Чинго.
Обрќајки им се на присутните, градоначалникот Петрески во таа смисла рече:
Ние кои секојдневно укажуваме на тоа дека духот на Свети Климент- Патронот на градот не’ обврзува да го негуваме тој дух со нашите дела, настојуваме да ја искажеме посветеноста кон духовното и книжевно творештво и преку негување на оваа манифестација. Уште повеќе, со сета скромност, можеме и да се пофалиме дека овој настан од година во година го надоградувавме за да денес стане културна манфестација со високо реноме – достојно за делот на Живко Чинго.
Во градењето на престижноста на оваа манифестација се вградени и заложбите на културните дејци од нашата средина како и книжевниците, писателите, вљубениците на пишуваниот збор и, посебно, почитувачите на делата на нашиот Живко Чинго. Сите тие, но првенствено самото негово творештво, придоне-соа да доживееме, иаку велиме дека тој е наш, всушност Живко Чинго да му припаѓа на светот….Затоа, крај сета гордост што го чувствуваме Живко Чинго како наш, заслужува да се упати благодарност од ова место кон сите оние кои придонесуваат за афирмација на неговото творештво ширум светот и на многу јазици. Благодарност упатувам и кон оние кои се вградиле на еден или друг начин во негувањето на оваа манифестација давајќи свој придонес во нејзиниот растеж благодарение на својот личен авторитет и име што го имаат во светот на книжевноста…..
Во продолжене на манифестацијата, своја инспиративна беседа за Чивко Чинго и неговото дело имаше книжевниот критичар, проф. Д-р Иван Џепароски.Содржајно богатата вечер посветена на Чинго беше сбогатена и со извонредните настапи на талентираните млади музичари, уениците од Музичкото училиште „Методи Патче“ и талентираниот млад сограганин, гитаристот кој со своето музицирање го афирмира Охрид ширум светот и со настапот на светската гитаријада одржана во мај годинава во Лондон, Дамјан Пејчиноски.
Свој придонес имаа и домакините – членови на КУД „Илинден“ од Велгошти и ученици на училиштето кое го носи името на Живко Чинго.