Св. Петка (позната и како Св. Параскева) е родена во градот Епиват, меѓу Силинаврија и Цариград. Родителите ѝ биле богати христијани, а освен Петка имале и еден син, Ефтимиј, кој за време на животот се замонашил и подоцна станал угледен епископ Малитски.
Православните христијани денеска го одбележуваат празникот посветен на Света преподобна Параскева (Св. Петка).
По повод празникот денеска во манастирот „Света Петка“, Велгошти, ќе се служи света архиерејска литургија, на која ќе чиноначалствува неговото високо преосвештенство митрополитот Плаошки и Дебарско-кичевски г. Тимотеј, со повеќемина свештенослужители.
Вечерва пак по повод празникот на „Свети Климент Охридски Чудотворец и свети великомаченик Пантелејмон“ во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“ на Плаошник, со почеток во 19 часот ќе се служи празнична вечерна богослужба на која ќе чиноначалствува неговото високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г.Тимотеј.