Фестивалот на Францускиот филм, кој годинава по вторпат ќе се одржи во Охрид од 29 јуни од 4 јули, ќе го надмине првороденчето од минатата година, организациски, содржински, програмски и естетски. Вака, на прес конференција го најави фестивалот неговиот извршен директор, Зоран Велјаноски – Летра. Градоначалникот Александар Петрески во своето излагање ја истакна подготвеноста на локалната самоуправа и оваа година целосно да застане зад оваа културна манифестација.Фестивалот ќе го отвори филмот “Западно од рајот“ на прославениот грчки режисер Коста Гаврас, а во натпреврувачка конкуренција ќе бидат 10 филмови. Ќе има по две проекции дневно во терминот од 18.30 и 20.30 часот, а предвидено е по секоја проекција да има непосредна комуникација на дел од авторската екипа со публиката.
Годинашниот лауреат на Златната Маска, прославениот франуски шансониер и актер, Шарл Азнавур, предвидено е да ја изврши церемонијата на свеченото затворање на Античкиот театар, каде свој настап ќе има прославената македонска музичка ѕвезда Тања Царовска.