Родниот град на македонскиот револуционер од илинденскиот перод Христо УЗУНОВ, чија годишнина од херојската погибија во Цер пред 104 години се одбележува денеска, достојно се оддолжува на борецот чија погибија е опеана и во народот.
По синокешната свечена прослава на ОУ кое го носи името на Христо Узунов, делегации на Општинaта и на училиштето претпладнево положија свежо цвеќе на споменикот на Узунов во градскиот парк во центарот на Охрид.
а нешто подоцна и на гробот на Узунов во село Цер и бистите на неговите 12 соборци кои се подигнати во спомен –паркот на местото на погибијата.
Во овој текст ги поместуваме фотосите што сведочат за чествувањето во градскиот парк каде свежо цвеќе беше положено и пред бистата на Методи Патче.
извор: