Дечињата од Велгошти од претшколска возраст до 9-то одделение утрово се дел од Бадниковата поворка во Велгошти со која се најавува Христовото раѓање.
Утрово верниците и учесниците во поворката се собраа пред црквата `Св.Димитрија` од каде беше закажано стартувањето на овој настан.
Децата беа почестени со доручек и коледе во црковната кујна, а потоа подготвено се вклучија во поворката на чие чело секако дека е симболот на Христовата пештера.
Повроката од `Св.Димитрија` се движеше по главната улица во селото, се до црквата `Св. Пантелејмон`, каде на децата – учесници пригодно ќе им бидат доделени новогодишни пакетчиња.
Извор: www.ohridmagazine.com
Фото: Благоја Достиноски.