Учениците од основното училиште „Живко Чинго“ од Велгошти, оваа школска година ќе ја започнат во објект со целосно нова надворешна дограма и со комплетно уреден школски двор.
Општина Охрид со сопствени средства започна со замена на старите прозорци во училиштето, со што ќе се подобрат условите за изведување настава. Со ваквиот зафтат училиштето ќе добие поголема изолација,а со тоа и заштеда на електрична енергија.

Во тек е комплетно уредување на дворот каде со бекатон плочки се поплочува површина од околу 1500м2 и се поставува ограда од камен.
Локалната самоуправа и понатаму, во континуитет , ќе продолжи да вложува во подобрување на условите и создавање соодветен простор за работа на учениците и наставниците на територијата на општина Охрид.