Без проблеми се одвива штрајкот на вработените во образованието, науката и културата во Охрид, информираат од регионалниот одбор на СОНК-Охрид.

„Во Охрид штрајкот денеска продолжи во сите десет основни и трите средни училишта“, изјави Љубомир Јанкуловски, претседателот на СОНК-Охрид.
 
Тој информираше дека не се забележани никакви притисоци, освен тоа дека има мало недоразбирање околу часовите кои наставниците треба да ги поминат во училиштата за време на штрајк.
 
Вработените во образованието науката и културата бараат поголеми плати, како и потпишување и примена  на колективните договори.
 
„Не е точно дека платите во образованието се покачени за 44%, туку дека тие лани и оваа година се зголемени за 20%. Овие барања, кои сега ги изнесовме се предмет на преговори повеќе од две години, а потпишани се и два меморандуми со ресорните министерства со кои тие се обврзуваат дека ќе ги потпишат колективните договори и истите ќе ги применуваат од 2009 година“, рече Јанкуловски.
 
Тој најави дека штрајкот ќе продолжи до исполнување на барањата