Протестот на учениците од средните и основните училишта против екстерно тестирање, денеска продолжува во Охрид

Околу 150 ученици, иницирани преку Интернет форумите, претпладнево продолжија со протест низ центарот на градот изразувајќи го својот револт, од како што рекоа, „експериментот на државата со екстерното оценување“.

Средношколците сметаат дека нема потреба од такво испитување бидејќи полагаат матура во 4 година, додека основците рекоа дека не се подготвени за екстерно оценување бидејќи немаат учебници по одредени предмети.

 

Масовни протести на учениците денеска имаше низ целата држава.